Раководството на фудбалскито состав, Манчестер Јунајтед, не планира во догледно време да го отпушти тренерот Оле Гунар Солскјер доколку загуби од Ливерпул, пренесуваат англиските медиуми.
И покрај очајниот старт на сезоната кој го има тимот од „Олд трафорд“, раководните лица имаат доверба во Норвежанецот кој упорно работи на подмладување на екипата.
Според одредени шпекулации, Солскјер планира да ги ангажира Рајс од Вест Хем и Санчо од Борусија Дортмунд.