Оле Гунар Солскјер кој за една година ќе го одработи договорот со фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед најверојатно ќе добие понуда да остане подолго на клупата на „црвените ѓаволи“, најавија дел од медиумите во Англија.
Според весникот – „Мирор, Норвежанецот со новиот договор ќе заработува 9 милиони евра по сезона со што е за два милиона повеќе од неговите сегашни примања.
Во исто време потпретседателот на клубот, Ед Вудвард, не крие дека е презадоволен од работата на Солскјер иако тимот под неговата диригентска палка нема освоено трофеј

