Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, нема да го пушти Бруно Фернандеш да настапи за селекцијата на Португалија која се наоѓа на црвената листа на Англија и сите што доаѓаат од таа земја ќе мора да поминат 10 дена во карантин.
„Не сме седнале и да донесеме конечна одлука. Ние ги плаќаме фудбалерите и колку што знам, имаме дозвола од ФИФА да ги задржиме“ – вели Солскјер.
Доколку Фернандеш игра за Португалија, тогаш ќе мора да ги пропушти мечевите против Брајтон на 3. април и дербито со Тотенхем на 10. април.