Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајте, Оле Гунар Солскјер, ќе располага со повеќе од 200 милиони фунти за да го засили тимот во текот на летото, тврдат денeска медиумите на Островот. Раководството на клубот сака да бидат привлечени млади и квалитетни играчи кои во иднина ќе бидат голема преспектива. Меѓу планираните влегуваат: Џејдон Санчо, Калум Хадсон-Одои, Деклан Рајс и Арон-Ван Бисака.
Норвешкиот стартег изјавил дека сака такви фудбалери, но, дека ќе се обиде да купи и проверени играчи од типот на Калиду Кулибали и Рафаел Варан. Паралелно со процесот на купување на нови фудбалери, Манчестер Јунајтед, планира да направи и голема „чистка“ од тековниот ростер.
Тоа значи дека на трансфер листата може да бидат ставени: Антонио Валенсија, Маркос Рохо, Матео Дармиан, Ерик Баи, Алексис Санчез, Фред, како и Андерс Ерера и Хуан Мата чии договори набрзо ќе истечат.