Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, навести дека ќе мора да се раздели со еден од неговите тројца голмани откако ќе се врати Дин Хендерсон во клубот.
Англичанецот кој помина две успешни сезони на позајмица во Шефилд Јунајтед, вели дека сака да биде стартер во неговиот матичен клуб. Ниту тој ниту Дејвид Де Геа нема да сакаат да седат на клупата. Неодамна имаше информација дека Серхио Ромеро е подготвен да го напушти клубот. Солскјаер призна пред четврт-финалето на Лигата на Европа против Копенхаген дека ќе му биде тешко да избере кој ќе биде прв голман за наредната сезона.
„ Ќе биде тешко да ги задржиме сите тројца, ќе видиме каква одлука ќе донесеме. Јас сум најпривилегираниот менаџер на светот бидејќи имам тројца врвни чувари на мрежата“ – потенцира Солскјер.