Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер ќе стори сé за да ги задржи во тимот Антони Марсиал и Давид де Геа. Двајцата одбиваа да ги обноват своите договори додека менаџер беше Жозе Мурињо, но сега ситуацијата е друга.
Солскјер има намера да реализира сериозни разговори со Марсиа и Де Геа, за да ги убеди да не го напуштаат „Олд Трафорд”.
„Знам дека клубот сака да потпише со нив, се разбира, бидејќи тие се најдобри играчи. Тоа зависи само од фудбалерите, но тие се на најдоброто место во најголемиот клуб во светот. Се надевам дека ќе можам да помогнам во преговорите со овие играчи, за да ги натерам да останат во клубот”, изјави Оле Гунар Солскјер.

