Речиси сите играчи од стартниот состав на Манчестер Јунајтед се повредени, но привремениот менаџер Оле Гунар Солскјер е оптимист.
Во среда навечер неговиот тим гостува на Кристал Палас во дуел од вонредното колона Премиерлигата и тој ќе мора да прави доста промени. Како сигурни стартери се дефинираат Алексис Санчез и Ромелу Лукаку, кои во принцип не се редовно меѓу старните единаесет.
„Ова е шанса за Ромелу и Алексис да го потврдат својот потенцијал – изјави Солскјер. „Репутацијата е едно, но потенцијалот е друго. Верувам во можности кои ги имаат, бидејќи двајцата се добри момци и се разбираат одлично на теренот. Ова може да е нивната можност да ја покажат силната форма и да ми донесат главоболка при изборот на составот, кога сите ќе бидат здрави. Лукаку создаде две одлични шанси на мечот против Ливерпул. Знам дека за него тоа беше поинаква позиција на игра (играше на крило), но тоа беше принудно, бидејќи Маркус Рашфорд се повреди. Двајцата со Алексис дејствуваа заедно и против Арсенал во ФА Купот. Затоа се надевам дека ќе ги оправдаат очекувањата и сега“ истакна Солскјер.”
Солскјер не може да смета на дури десет фудбалери, поради што во групата ќе влезат и некои од младинците како Тахит Чонг (офанзивен играч од средниот ред), Џејмс Гарнер (централен играч од средниот ред) и Анхел Гомез (офанзивен играч од средниот ред).