Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Солскјер лут поради донесената одлука на Премиерлигата
    Фудбал

    Солскјер лут поради донесената одлука на Премиерлигата

    risteBy riste30/10/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е разочаран од одлуката во Премиер лигата во новата сезона да не се применува правилото со пет замени, кое беше на сила на крајот од претходната сезона.

    Пред почетокот на новата сезона, 11 од сите 20 клуба гласаа за враќање на стандардните услови, од кои, сепак, жртвите се сега екипите кои учествуваат во еврокуповите. „Црвените ѓаволи“ не можат да сметаат на многу играчи поради повреди и болести, а со згуснатиот календар имаат играчи кои се лесно заморуваат.

    „Не можам да верувам дека гласавме против ова правило“, рече денес Солскјер.  „Веќе бевме сведоци на толку повреди. Нашата најголема должност е да се грижиме за здравјето на спортистите во текот на целата сезона. Знам зошто оние што гласаа за ова, одлучија така, но мора да разгледаме и како тоа влијае на играчите, и физички и психички. Најразумно решение е да им се дадат повеќе можности за одмор“. истакна Солскјер.

    Веќе неколку недели Манчестер Јунајтед има два натпревари неделно. Во недела, „црвените“ го пречекуваат Арсенал во Премиер лигата. Ова ќе биде натпревар број 100 на Оле Гунар Солскјер како менаџер на тимот.

    „Сè одеше толку брзо, досега уживав. Да се ​​надеваме дека ќе имаме причина да славиме по добра игра и добар резултат“, заврши Норвежанецот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.