Манчестер Јунајтед пропушти одлична можност да се искачи на третото место во Премиер лигата, откако одигра нерешено 2:2 против Саутемптон.
„Црвените ѓаволи“ примија гол во последните секунди од натпреварот, а голот на Мајкл Обафеми им однесе два планирани бода. Менаџерот Оле Гунар Солскјер, беше разочаран, но не драматизираше непотребно.
„Примаме гол во најнепопуларниот момент, но во фудбалот се случуваат вакви работи. Победувавме на овој начин многу пати. Тоа е дел од процесот на растење на тимот. Понекогаш мислите дека сте ја завршиле работата и се радувате. Но, очигледно не заслуживме да победиме денес. Саутемптон е добар тим кој не престанува да трча цело време. Не го најдовме вистинскиот ритам на играта. На моменти правевме многу добри работи, како два гола што ги постигнавме”, рече Солскјер.
„Не станува збор за замор. Тоа беше само еден од натпреварите на кои не искористивме најголеми шанси. Противникот го искористи своето. Давид Де Геа имаше многу добар настап, но во целина создадовме многу повеќе ситуации за гол”, заврши менаџерот на Манчестер Ј., Солскјер.