Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, вели дека мора да се стартува со серија на добри резултати во новата сезона и на тој начин да се задржат шансите за освојување на титулата во Премиер-лигата.
„Мора да бидеме многу подобри од изминатата сезона во првите неколку кола. Само така нема да ја загубиме шансата да се бориме за пехарот“ – потенцираше Норвеженецот.
Составот од „Олд Трафорд“ во првите седум кола ќе игра со Лидс, Саутемптон, Вулверхемптон, Њукасл, Вест Хем, Астон Вила и Евертон. „Црвените ѓаволи“ последен пат беа шампиони на Англија во 2013 година.