Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, имал забелешки на однесувањето на Ентони Марсијал пред мечот со Челзи кој беше одигран на „Олд Трафорд“ во текот на викендот и заврши нерешено 1 спрема 1.
На социјалните мрежи денеска се појави видео од загревањето кое покажува како Марсеј лежерно стои со нога врз топката на теренот додека неговите соиграчи максимално се ангажирани и се подготвуваат за мечот.
Фудбалерот кој се жали на болки во грбот не се појави на средбата со лондончани. 23-годишниот играч од Франција во тековнава сезона во Премиер лигата има одиграно 26 натпревари и постигнато 10 голови.