Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не можеше да биде задоволен по поразот од Истанбул Башакшехир со 1:2 во Лигата на шампионите.
Тој рече дека настапот на неговите играчи на овој натпревар не бил на потребното ниво.
„Нашите перформанси не беа доволно добри против тим кој работеше напорно и нè фати на контранапади неколку пати. Во првиот случај изведовме корнер, но заборавивме на играчот кој остана сам што е непростливо. Голот на Марсиал пред паузата ни даде надеж дека би можеле да се обидеме во второто полувреме. Се обидовме со сите сили, но не можевме да ги пробиеме. Не бевме на вистинското ниво, тоа е тоа. Не е лесно да останеш позитивен кога ќе изгубиш на тој начин, но сепак сметам дека имам многу добри играчи“, изјави Солскјер.

