Норвежанецот, Оле Гунар Солскјер, кој деновиве го наследи Жозе Мурињо на клупата на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, не може да поверува дека ќе го води неговиот некогашен состав на мечот со Хадерсфилд кој ќе се одигра на така наречениот – „Боксинг деј“.
Тој објасни дека претходно ги одвел неговите три деца на – „Олд Трафорд“ да ги гледаат средбите против Јувентус и Јанг Бојс во Лигата на шампионите и дека по речиси еден месец од тие настани, тој повеќе не е фан, туку менаџер на „црвените ѓаволи“.
„Имаше возбуда во Лигата на Шампионите, децата снимаа со телефоните. Сега, на „Боксинг деј“, тие ќе го гледаат нивниот татко како стои на аут-линијата. Тоа е едноставно нереално“ – изјави Солскјер.