Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска на „Олд Трафорд“ го совладаа Ридинг со 2:0 и обезбедија место во наредната фаза во ФА Купот на Англија.
Тренерот на домаќините, Оле Гунар Солскјер, го искористи мечот за да им даде шанса на поголем дел од играчите кои главно ја греат клупата. Норвежанецот и покрај победата, изјави, дека не е задоволен од пристапот.
„Ќе имаме неколку денови во кои ќе треба да закрепнеме и да тренираме напорно за наредните предизвици. Не смееме да ги правиме истите грешки и на гостувањето кај Тотенхем на „Вембли“ ако сакаме да ја сочуваме нашата мрежа“ – вели тренерот на „црвените ѓаволи“.