Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не го вклучува напаѓачот Алексис Санчез во неговите планови за новата сезона.
Чилеанецот во моментов е на позајмица во Интер, но од овој клуб непланираат да ја платат откупната клаузула и тој ќе мора да се врати на „Олд Трафорд“. Солскјер пред извесно време изјави дека е подготвен да му даде уште една шанса на Санчез, но според последните информации, тренерот веќе се предомислил и нема намера да се потпира на 31-годишниот играч.
Сепак, ова го става Манчестер Јунајтед во многу комплицирана ситуација. Клубот ќе мора да бара нов клуб за напаѓачот, но тоа може да биде доста тешка задача. Чилеанецот прима 400.000 евра неделна плата и е најплатен играч на „црвените ѓаволи“. Сепак, неговата висока плата ќе натера многу клубови да се откажат од заинтересираноста за него.
Во исто време, Манчестер Јунајтед планира да го понуди дресот со број 7 на нивната главна трансфер цел Џејдон Санчо, што е уште еден знак дека Санчез не е во плановите на стручниот штаб.