Фудбалерите на Манчестер Јунајтед по победата на дуелот со Брајтон успеаа да прогресираат кон врвот на табелата во Премиер лигата.
Веднаш по мечот одигран на стадионот – „Олд Трафорд“, тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјаер, истакна дека сега не го гледа рангирањето и дека има други работи кон кои мора да се насочи.
„Убав натпревар, треба да постигнуваме повеќе голови. Позицијата на табела во моментов нема значење. Мора да напредуваме. Марсијал беше одличен. Морам да го пофалам и младиот Вилијамс“ – изјави тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед.

