Играчот од средниот ред Пол Погба ќе се врати во игра за Манчестер Јунајтед во декември, според менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.
Норвешкиот тренер е сигурен дека на францускиот репрезентативец му треба време да се опорави од повредата на зглобот.
„Мислам дека нема да биде во игра пред декември. Тој ќе биде надвор од теренот некое време и треба да се опорави, а тоа би требало да биде во декември. На неговата повреда и е потребен третман“, изјави Солскјер по победата на Манчестер Јунајтед со 3:1 против Норич.
Добро за екипата на Манчестер Јунајтед е сто во ноември не очекува уште една репрезентативна пауза, па тој период може да биде искористен за подобра рехабилитација на Пол Погба и негово целосно заздравување.

