Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ангажира уште еден играч на Лестер откако во текот на летото беше купен дефанзивецот, Хари Мегваер.
Според медиумите во Англија, „црвените ѓаволи“ сакаат да го ангажираат играчот од средниот ред на „лисиците“, Џејмс Медисон. Според прогнозите, неговата трансферна цена е околу 80 милиони фунти. Медисон со неговите настапи се наметнува како лидер во екипата предводена од Брендон Роџерс.
Тој на 17 натпервари постигна пет голови и направи три асистенции. Лестер досега игра одлично во Премиер лигата и најверојатно до крајот на сезоната ќе се бори за место што води во Лигата на шампионите.

