Фудбалерот на Астон Вила, Џек Грелиш, влегува во радарот на тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, објавија вечерва медиумите во Англија.
24-годишниот играч во тековнава сезона во Премиер лигата има постигнато два гола и направено три асистенции на вкупно девет натпревари. Поранешниот шеф на Астон Вила, Шервуд, проценува дека Грелиш би бил одлично засилување за „црвените ѓаволи“.
„Кога Манчестер Јунајтед се бори да купи играчи со креативна природа и плаќа 50 милиони фунти за некој како Фред, тогаш Џек Грелиш вреди најмалку 70 милиони фунти? Тоа е проста математика“ – потенцирал Шервуд.

