Фудбалерите на Манчестер Јунајтед примија гол во судиското продолжение на вчерашниот меч со Евертон во Премиер лигата и останаа покуси за два бода во трката за шампионската титула.
Иако домаќините имаа предност од 2-0 и 3-2, на крајот популарните „карамели“ си заминаа непоразени од „Олд Трафорд“. По мечот тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Сослкјер, не криеше дека е разочаран од резултатот.
„Кога ќе примите гол во 95. минута секако дека ќе се чувствувате многу лошо. Требаше работата да ја завршиме многу порано. Реалноста е дека освоивме само еден бод“ – потенцира Норвежанецот.