Трансферот на Алексис Санчез во Интер би можел да биде блокиран во последен миг од страна на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, пренесува денеска весникот – „Гардијан“.
Причината за тоа е повредата на Антони Марсијал, кој ја доби на саботниот меч со Кристал Палас. По натпреварот, Солскјаер беше убеден дека Мартијал ќе се врати брзо, но, тоа не е сигурно. Доколку траумата е посериозна, Јунајтед ќе стави крај на преговорите со Интер.
Платата на Чилеанецот е 20 милиони фунти годишно. Интер сака да покрие 3 милиони додека Јунајтед инсистира на тоа сумата да биде шест милиони.