Во наредните денови, Манчестер Јунајтед ќе испрати нова понуда за Ансу Фати од Барселона, пренесува денеска каталонскиот весник – „Спорт“.
Според информациите, Шпанците неодамна отфрлиле понуда од 100 милиони евра, но, тоа нема да ги поколеба луѓето од „Олд Трафорд“ кои повторно ќе се обидат да го ангажираат црномурестиот фудбалер. Откупната клаузула на младиот напаѓач е 170 милиони евра.
Според анализата, трансферот може да се реализира и за помала сума доколку Барса во меѓу време успее да го купи Лаутаро Мартинез од Интер.