Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е подготвен да го ослободи играчот од средниот ред Џеси Лингард на позајмица во тековниот преоден рок, објави „ЕСПН“.
Според истата информација, Солскјер навистина сакал да го задржи Лингард пред напорната втора половина од сезоната, но по преговорите со играчот од средниот ред, тој се согласил да се пресели во друг тим за да добие поголема минутажа. Конечната одлука за иднината на Џеси Лингард ќе биде донесена во наредните денови.
Џеси Лингард оваа сезона одигра само три натпревари во Лига купот за Манчестер Јунајтед. 28-годишниот фудбалер е незадоволен од минутажа што му ја дава стручниот штаб на „црвените ѓаволи“. Беше објавено дека тој може да се пресели во Шефилд Јунајтед или во Ница.

