Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер сака да го задржи играчот од средниот ред Пол Погба во тимот .
Според „Тајмс”, норвешкиот тренер е подготвен да оди далеку за да го спаси францускиот фудбалер. Конкретно, тренерот на „Црвените Ѓаволи“ е подготвен да му ја понуди на играчот од средниот ред улогата на капитенот на тимот следната сезона. Ако Погба во секој случај го напушти Манчестер Јунајтед, играчот од средниот ред Ешли Јанг ќе биде капитен. Претходно, капитенската лента ја носеше дефанзивецот Антонио Валенсија.
Предходно се појавија информации во медиумите, според кои Погба може да се пресели во Реал Мадрид во текот на летото. Се тврди дека тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан лично бил заинтересиран за трансферот на Погба. Оваа сезона, 26-годишниот играч од средниот ред одигра 35 натпревари во Англиската Премиер лига, во која постигна 13 гола и 9 асистенции.