Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, проговори за формата на напаѓачот, Алексис Санчез, кој пак, деновиве имаше пофални зборови за работата на Норвежанецот.
„Навистина е многу е талентиран и кога би постигнал гол, сигурен сум дека ќе добие самодоверба. Сите знаеме дека не игра стандардно и дека поминува низ тежок период“ – вели Солскјер.
„Санчез е како кесе кечап, кој не сака да излезе, но, кога ќе тргне, тогаш ќе биде одлично“ – потенцираше тренерот на екипата од „Олд Трафорд“ пред мечот со Челзи во рамките на ФА Купот на Англија.