Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер, вели дека сите треба да бидат оптимистички расположени и да дејствуваат како едно големо семејство.
„Во март во 2019 година играчите беа физички и психолошки уморни и имавме повреди. Имаше и други работи кои не ми се допаѓаа, некои лични агенди кои не можеа да бидат решени„ – вели тренерот на „црвените ѓаволи“.
„Секогаш ќе има фудбалери кои сакаат да играат повеќе, но, доколку тимот е успешен, тогаш тие ќе треба да бидат трпеливи“- вели Норвежанецот.