Тимот на Ливерпул оваа сезона нема да стане шампион на Англија. Ова го тврди менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер кој на своите играчи по дербито меѓу двете екипи, кое заврши 0:0 им објаснил кои се причините за тоа, пишува весникот „Сан“.
Според оваа информација, Норвежанецот го поткрепил своето тврдење со 4 аргументи:
- Играчите на Ливерпул можат да играат само контра-напад.
- Тие не можат да ја пробијата противничката одбрана со кратки додавања.
- На тимот му недостасува креативност и вистински плејмејкер, и не е ефикасен, освен ако не постигне гол прв или не игра против друг офанзивен тим.
- Тимот не е толку добар како оној на Манчестер Јунајтед.
„Оле беше многу јасен со своите играчи по натпреварот со Ливерпул и очигледно верува дека тимот не може да го совлада Манчестер Сити во битката за титулата. Тој смета дека се премногу монотони и им недостасува креативност. Тој е убеден дека неговиот тим е посилен”, изјави извор од Манчестер Јунајтед за весникот „Сан“.
Ливерпул е лидер на табелата во Премиер лигата со бод повеќе од вториот Манчестер Сити, а „црвените ѓаволи” се наоѓаат на 5-то место.