Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Солскјер со подобра статистика од Сер Алекс Фергусон по првите 100 натпревари
    Фудбал

    Солскјер со подобра статистика од Сер Алекс Фергусон по првите 100 натпревари

    risteBy riste03/11/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Оле Гунар Солскјер го имаше својот 100-ти натпревар како менаџер на Манчестер Јунајтед во неделата. Норвежанецот немаше причина да се радува на тоа, откако загуби со 0:1 на „Олд Трафорд“ од Арсенал.

    Веднаш потоа, повторно се појави дилемата дали Солскјер е вистинската личност за позицијата и дали тимот навистина остварува напредок под негово водство. Одговорот на скептиците, се разбира, е негативен, но Солскјер може да изнесе одредени статистички податоци во негова корист. Според овие податоци, поранешниот напаѓач има подобри резултати отколку што забележа легендарниот Сер Алекс Фергусон на неговите први 100 натпревари во Манчестер Јунајтед.

    Што покажуваат податоците?  Екипата на Солскјер оствари 55 победи, 21 нерешени и 24 порази на своите први 100 натпревари. Според овој индикатор, тој е на третото место на вечната ранг листа на менаџерите на „црвените ѓаволи“. Пред него се само Жозе Мурињо, кој има 62 победи и 15 порази и Ернест Мангнал, кој забележа 64 победи и 13 порази. Резултатите на Сер Алекс на неговите први 100 натпревари се: 48 победи, 31 нерешено и 21 пораз.

    Големото прашање е дали Солсјкер успеал да го убеди раководството на Јунајтед за неговиот проект и дали тимот на Манчестер Јунајтед навистина се развива под норвежанецот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.