Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, потенцираше дека младиот напаѓач, Маркус Рашфорд, набрзо ќе треба да се вклучи во активностите на тимот. Англискиот голгетер последен пат се појави во дресот на „црвените“ во средината на јануари кога беше заменет поради повреда на грбот на мечот со Вулверхемптон во рамките на третата рунда од ФА Купот.
„Доколку биде подготвен за крајот на сезоната тоа ќе биде одлично за нас. Само треба да бидеме внимателни бидејќи Маркус треба да игра уште многу, многу години“ – вели Сослкјер.
22-годишниот фудбалер кој поради повредата мораше да пропушти шест мечеви, досега во тековнава сезона има постигнато 19 голови на 31 натпревар.

