Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер застана во одбрана на голамнот Давид де Геа, кој по дуелот со Челзи во ФА купот на Англија беше на удар на навивачите и видните личности од светот на фудбалот.
Шпанскиот голман извесен период е надвор од форма а тоа се виде и на средбата со „сините“ кога направи неколку катастрофални грешки. Сега норвешкиот тренер вели дека Де Геа е доволно ментално силен и дека ќе го преброди кризниот период.
„Давид знае дека треба да биде максимално активен и подготвен за наредните натпревари. Нема да разговаравме за одредени фудбалери бидејќи никој не сака дополнитеолен притисок“ – нагласи тренерот на „црвените ѓаволи“.