Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го коментираше нерешениот резултат 1:1 во дербито со Арсенал.
Тој смета дека неговиот тим можел да победи, но требаше да бидат попрецизни пред голот. Сепак, тој ги пофали своите играчи за нивниот настап на натпреварот.
„Поведовме со 1:0, но не успеавме да го постигнеме вториот гол што ни беше потребен. Треба да учиме од ова. Треба да бидеме попрецизни пред голот на противникот. Ние водевме на толку многу натпревари со 1:0, но не победуваме. Мора да извлечеме некои заклучоци од тоа. Примивме гол од наша невообичаена грешка, но понекогаш се случуваат вакви грешки. И од ова да научиме многу. Во моментов сме во изградба на тимот и играта. Само жалам што не постигнавме втор гол на оваа средба“, рече Солскјер.