Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, вели дека бил сигурен во победата против Аталанта иако италијанскиот тим имаше предност од два гола по првото полувреме.
„Тие имаа две шанси и дадоа два гола. Мора да престанеме да играме на таков начин и да примаме лесни голови“ – вели Норвежанецот.
„На полувреме им реков на фудбалерите да се обидат да го постигнат првиот гол веднаш по паузата затоа што сум сигурен дека подоцна ќе го добиеме натпреварот“ – изјавил Солскјер по триумфот со 3:2 во 3-то коло во Лигата на шампионите.