Капитенот на Ј. Кореја, Мин Сон беше исклучително среќен откако ја совладаа Португалија со 2:1 и се пласираше во 1/8-финалето на Светското првенство во Катар.
„Очекувавме да биде тежок натпревар, но не се откажавме. За време на Светското првенство во 2014 година дадовме се од себе, но среќата не беше на наша страна и не ги поминавме групите. Горд сум на играчите. Плачам од радост, толку долго го чекавме овој момент и верувавме во него. Имаше моменти кога не можев да дадам се од себе и им благодарам на соиграчите што ме покриваа кога не можев да ги исполнам сите мои обврски. Да дојдеме до осминафиналето ни беше целта и сега имаме повисоки цели, ќе дадеме се од себе да ги оствариме. Никој не знае што може да се случи во фудбалот, особено сега, а бидејќи имаме шанса да го победиме Бразил, ќе дадеме се од себе“, изјави Сон.