Еден од хероите на Тотенхем синоќа на „Етихад“ беше Хјун-Мин Сон кој изјави дека не видел сличен натпревар во Лигата на Шампионите како овој со Манчестер Сити.
Тотенхем го загуби со 3:4, но сепак се пласираше во 1/2-финалето на Лигата на шампионите, каде ќе се соочат против Ајакс.
„Не сум видел таков натпревар во Лигата на шампионите. Луд натпревар, јас сум горд на моите соиграчи. Да, поништениот гол на Сити во дополнителното време беше лудило. Остануваа две минути до крајот и ќе беше тешко да се вратиме ако голот беше регуларен и признат. Што рековме на паузата? Да се бориме заедно. Го направивме тоа во двата натпревари и оној првиот и овој”, изјави веднаш по натпреварот Сон. Тој постигна два гола синоќа и со тоа стана најуспешниот азијски фудбалер во Лигата на шампионит и првиот Кореец кој постигнал два гола за 4 минути во ова натпреварување.