Фудбалерот на Тотенхем, Хјун-Мин Сон, се здоби со повреда на тренингот со репрезентацијата на Република Кореја, објави денеска неговата матична федерација.
– Сон почувствува непријатност во мускулот на потколеницата на десната нога за време на тренингот. Тој денеска беше подложен на медицински преглед при што е утврдено дека станува збор за истегнување” – соопшти Корејската фудбалска федерација.
Фудбалерот на „Спарси“ поради повредата го пропушти квалификацискиот меч со Либан кој му припадна на неговиот состав со минимални 1:0.