Хајет, која му е сопруга на поранешниот фудбалер и спортски директор на Барселона Ерик Абидал, ќе поднесе барање за развод откако дознала дека името на нејзиниот сопруг е вмешано во аферата – „Амрауи“.
Познато е дека фудбалерката на Пари Сен Жермен, Кира Амрауи, беше нападната и претепана од маскирани лица. Нејзината соиграчка од ПСЖ, Амината Диало, беше осомничена и беше приведена, но, подоцна е ослободена без обвинение. Адвокатот на Хајет Абидал, објави куса изјава во која ја објаснува одлуката – Принудена од околностите и крајно незадоволна од аферата Амрауи, Хајет Абидал ќе поднесе барање за развод“ – се вели во соопштението.
Името на Ерик Абидал беше вмешано во аферата откако судот утврди дека „бубачката“ од прислушувањето пронајдена во телефонот на жртвата е негова.

