Сопствениците на Интер бараат партнер за инвестирање нови средства во италијанскиот фудбалски тим. Ова го изјави извршниот директор Џузепе Марота за локалното радио, еден ден откако клубот ја освои својата прва титула во Серија А по 11 години.
Кинеската компанија „Сунинг“ поседува 68,5% од акциите на клубот, кои се погодени од ефектите на пандемијата КОВИД-19. Останатите акции се во сопственост на инвестициската компанија Лионрок Капитал.
„Сопствениците работат за доброто на Интер. Целта е да се постигне договор со партнерот за да се добие ликвидноста што е потребна во моментов”, изјави Марота, додавајќи дека „Сунинг“ вложил 700 милиони евра во тимот, а потоа преговарал со лондонскиот БЦ Партнерс, кој беше заинтересиран за мнозинскиот удел во клубот, но разговорите не успеаја.
Интер сега бара финансиски договор до 250 милиони евра за да ги покрие своите непосредни потреби и неодамна преговараше сонеколку инвестициски компании за да може да ја задржат стабилноста на клубот.