Мнозинскиот сопственик на францускиот Пари Сен Жермен – Катар Спорт Инвестментс, наскоро може да додаде нов клуб во своето портфолио.
Станува збор за шпанскиот второлигаш Малага. Според медиумите во Франција, претставници на моќниот конзорциум веќе се во преговори со раководството на Малага.
Авторитетниот весник „Л’Екип“ тврди дека „QSI“ е подготвен да понуди 100 мил. евра за контролниот пакет акции во клубот.
Шпанскиот клуб моментално е во сопственост на шпанскиот синџир хотели „Bluebay“ и катарскиот бизнисмен Абдула Ал Тани. Сепак, Малага веќе подолго време се соочува со сериозни финансиски тешкотии и бара нови инвеститори.

