Состојбата на резервниот голман на Пари Сен Жермен, Серхио Рико се уште е сериозна. Рико е во болница откако на 28 мај доживеа коњичка несреќа, која заврши со тешки повреди на главата на голманот.
Лекарите постепено ги отстрануваат седативите за да ја видат неговата реакција, но 29-годишниот шпански голман ќе има нов преглед на главата денеска.
„Има охрабрувачки знаци, но мораме да бидеме многу внимателни“, изјави извор од болницата во Севиља. Веднаш по несреќата, Рико со хеликоптер бил пренесен во болница, каде што бил ставен на апарати за одржување во живот.