Екипата на Рома се наоѓа во ресултатска криза, по поразот во ЛШ, тимот од Рим загуби и на гсотувањето кај Болоња, а тоа го запали црвеното светло кај раководството на екипата.
Веднаш почнаа и првите натписи дека Пауло Соуса е опција за наследник на Еузебио де Франческо, на чело на Рома. Португалскиот тренер во моментов е предводник на кинескиот Тијанжин, но според „Кориере Дело Спорт“, можно е брзо да фати авион за Рим.
Според италијанските медиуми, Ди Франческо мора да ги докаже своите квалитети во следните две средби доколку сака да остане во Рома. Во спротивно, ќе следува разделба меѓу него и клубот.
Пауло Соуса е добро познато име во Италија, бидејќи тој беше играч од средниот ред на Јувентус, Интер и Парма. Со „старата дама“ тој ја освои Лигата на шампионите во 1996 година, а следната сезона го направи истото со тимот на Борусија (Дортмунд). Помеѓу 2015 и 2017 година, поранешниот португалски репрезентативец беше тренер на Фиорентина, но не ги постигна посакуваните резултати.