Советот на град Битола денеска ја разгледуваше платформата на РК Еурофарм Работник кој бара да ги откупи 100% акции од РК Пелистер. Целта на платформата е да се направи еден европски состав и уште еден кој ќе биде база за млади ракометари и ќе игра во Супер лигата.
Советот откако прифати поголем дел од платформата имаше и одредени корекции со кои се предлага двата клуба да бидат со еднаква сопственичка структура, 75% на Еурофарм, 25% на Општина Битола, натпреварите од СЕХА и Лигата на шампиони да се играат во салата во Битола а грбот на дресовите да биде зелен.
Според најавата, буџетот на двата клуба во наредните пет години ќе изнесува најмалку еден милион евра од кои 250.000 евра ќе доаѓаат од касата на Општина Битола.