Судиите Мајкл Оливер, Клемент Турпин и Стефани Фрапарт ја завршија својата работа на Светското првенство во 2022 година.
Според информациите овие судии заедно со Шпанецот Матеу Лахос биле вклучени во втората група на судии кои судискиот комитет на ФИФА ги испрати дома.
За првото полуфинале, во кое ќе се сретнат Аргентина и Хрватска, за судија е назначен Италијанецот Даниеле Орсато. Полјакот Шимон Марчинијак, Холанѓанецот Дани Макели и Мексиканецот Цезар Рамос остануваат главни кандидати за второто полуфинале меѓу Франција и Мароко, како и финалето на Светското првенство.