Македонскиот борач Ахмад Магомедов не успеа да го мине репасажот на Светското првенство во борење во Белград во категоријата до 79 килограми. Тој забележа победа и пораз, така што не се пласира за борба за бронзен медал.
Магомедов вториот меч го загуби од Иранецот Мохамад Нокодилрами кој ќе се бори за бронза.
Денес и последниот македонски борач Магомедгаџи Нуров ќе стартува во категоријата до 97 килограми.