Жителите на Саудиска Арабија можеби нема да го следат светското првенство во фудбал во живо, затоа што во моментов, ниту една од ТВ-компаниите не можеше да се договори за купување на правата за прикажување на натпреварите од шампионатот.
Носител на авторските права за тој дел од светот е Катар, кој има своја медиумска компанија, која ја обвини Саудиска Арабија, за обид да ги добие правата за емитување со прескокнување на носителот.

