Селекторот на Данска Оге Харајде нема да може да смета на играчот од средниот ред, Вилјам Квист, до крајот на Светското првенство во Русија.
Играчот од средниот ред беше повреден на мечот против Перу кој го доби неговата селекција со 1:0 во натпревар од групата Ц и беше принудно заменет во првиот дел од средбата.
„Квист нема да биде со нас повеќе”, рече Харејде, потврдувајќи ја лошата вест за повредата на овој фудбалер.
Според првичните податоци, Квист има скршени ребра, но се прават понатамошни истражувања. Тој беше ставен на носила во 35-та минута од натпреварот, а Ласо Шоне влезе на негово место.