Италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора повтори дека португалскиот напаѓач во редовите на Јувентус, Кристијано Роналдо го прекршил медицинскиот протокол.
„Роналдо не го следеше медицинскиот протокол. Истрагата го докажува тоа“, изјави Спадафора за „Фудбал Италија“. Во неговата изјава нема детали што точно открила истрагата и на кој начин Роналдо го прекршил медицинскиот протокол.
Да потсетиме, на 13 октомври беше објавено дека Роналдо се разболе од коронавирус. Следниот ден, 35-годишниот фудбалер реши да се врати во Торино и таму да го помине карантинот. Ова се должи на фактот дека во Италија правилата се разликуваат од Португалија и Кристијано требаше да биде во изолација 10 дена, наместо 14 дена.

