Селекторот на италијанската репрезентација Лучијано Спалети го коментираше претстојниот натпревар со Шпанија во рамките на второто коло на Евро 2024 година.
„Понекогаш можеме да нападнеме, а понекогаш да се браниме на својата половина, но идејата е секогаш да се обидеме да го играме нашиот фудбал.
Шпанија стана она што е, и нивната фудбалска школа е позната затоа што секогаш играле под ист бренд. Затоа станаа толку препознатливи. Тоа го постигнаа бидејќи можеа да ја следат истата фудбалска филозофија. Се трудиме постојано да ја поседуваме топката. Верувам дека ако му ја дадеш топката на противникот, ќе бидеш полош тим. Имаме голема почит кон Шпанија и нивните играчи, но не треба да ги сметаме за подобри отколку што навистина се. Тоа би било огромна грешка“, вели Спалети.