Фудбалерите на Наполи го задржаа победничкиот чекор во италијанскиот шампионат. Тие во текот на викендот оставрија убедлива победа против Кремонезе со 4:1 а нивниот тренер, Лучијано Спалети, вели дека тоа сепак не бил лесен меч.
„По изедначувањето ни беше тешко, но, Симеоне постигна одличен гол. Треба да им се честита на моите фудбалери“ – вели Спалети.
Наполи по 9 кола има 23 бодови и го држи врвот во Серија „А“. Тимот на нашиот Елмаз има 7 победи и две нерешени средби