Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, пред денешното дерби на „Чизмата“ со Милан имаше само пофални зборови за нашиот фудбалски „бисер“, Елиф Елмас, кој денеска ќе биде во првата постава.
„Елмас е офанзивен играч за врска, кој може да биде и „скриен напаѓач“. Тој е тип на фудбалер кој е одлучен кога ќе се најде во „жешката зона“. Може да се адаптира во различни ситуации, тоа го прави уште подобар, феноменален“ – вели Спалети.
„ Елмас е многу интелигентно момче, кој го разбира фудбалот. Пред него стои голема иднина“, изјави Спалети пред дербито со „росонерите“ кое ќе има големо влијание во трката за титулата.