Тренерот на фудбалерите на Наполи, Лучијано Спалети, по вчерашниот пораз во Русија одби да се поздрави со неговиот колега од Локо Москва, Руи Виторија. Стратегот на италијанскиот состав го објасни неговиот потег на задолжителната средба со новинарите.
„Зошто не се ракував? Затоа што не ме поздрави пред натпреварот. Кога ќе видите гости, треба да ги поздравите веднаш а не на крајот на натпреварот. Бевме оддалечени десет метри, не ме поздрави“ – беше објаснувањето на Спалети.
Наполи со вчерашниот пораз драстично ги намали шансите за место во елиминацискиот дел во Лигата на Европа.